Регион 04. јули 2019. / 20:58

Дачиќ од Познањ побара датум за преговори за Македонија

Дачиќ од Познањ побара датум за преговори за Македонија

На Форумот на министрите за надворешни работи на учесниците во Берлинскиот процес во Познањ, српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ рече дека полека се поставува прашањето за важноста на овие состаноците, бидејќи некои лидери на ЕУ изјавија дека се уште нема говор за проширувањето, објави српското Министерство за надворешни работи.

Полека се поставува прашањето за потребата и исходот на одржување на овие состаноци и токму за тоа денес зборував најмногу, а така мислат и некои од моите колеги министри. Особено во моментот кога некои водечки европски лидери велат дека не им паѓа на ум да зборуваат за проширувањето на ЕУ. Ако е така, тогаш навистина не ја разбираме целта за одржување на овие состаноци – изјави Дачиќ.

Тој истакна дека се залага „Србија и Црна Гора да се придвижат побрзо кон ЕУ, бидејќи не сме задоволни од динамиката, да се започнат преговорите со Албанија и Северна Македонија, во БиХ да се направи она што е потребно за да започне преговори со ЕУ за членство“, дури, додаде Дачиќ „ние немаме ништо против воведување визна либерализација за граѓаните на Косово, но тоа се работи кои не зависат од нас од Западен Балкан.“

Поради тоа е неопходно пораките на ЕУ да бидат охрабрувачки, ова да не биде некоја втора лига на ЕУ која ќе го замени процесот на европската интеграција, оцени Дачиќ.

Северна Македонија и Бугарија следната година ќе претседаваат со Берлинскиот процес. Дали мислите дека Северна Македонија ќе биде задоволна со тоа да не добие отворање на преговорите, туку да претседава со Берлинскиот процес– изјави шефот на српската дипломатија.