Србија нема да го погази својот Устав и образ со признавање на лажната држава Косово за некакви европски моркови, изјави министерот за надворешни Ивица Дачиќ.
На овој начин тој ја коментираше изјавата на германскиот претеник Петер Бајер, од партијата ЦДУ на Ангела Меркел, дека во Белград дошол со порака дека „Србија не може да биде дел од ЕУ додека де јуре не го признае Косово“.
„ Она што тој го рече мора дефинитивно да се сфати сериозно, бидејќи тој е член на партијата на канцеларката Меркел. Но, ако навистина е такај, тогаш зошто се води дијалог во Брисел…“ со Приштина вели Дачиќ.
Министерот вели дека за време на разговорот со Бајер му рекол дека „не се согласуваме со неговото мислење… дека ставот на Германија не е новост. Наше е да разговараме со нив и да се обидеме да го смениме тој став“.