Регион 06. август 2019. / 14:37

Дачиќ ќе ги организира Србите во САД да гласаат за Трамп

Дачиќ ќе ги организира Србите во САД да гласаат за Трамп

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека ќе ги организира Србите кои живеат во САД да гласаат за Доналд Трамп на изборите во 2020 година. Најмногу Срби инаку живеат во Чикаго.

Тоа ќе ни создаде подобра позиција во новата администрација во Вашингтон., рече Дачиќ за „Српски телеграф“. Тоа според него ќе биде дел од силната офанзива која Србија ќе ја покрене од есена по прашањето за Косово.