Српскиот министер за надврешни работи Ивица Дачиќ вели дека формирањето на косовска војска е „најдиректна закана за мирот и стабилноста во регионот и безбедноста на српскиот народ”.
Србија смета дека гласањето во косовскиот парламент претставува кршење на резолуцијата на ОН за Косово, со која беше прекинат конфликтот во периодот 1998-1999 година и воена интервенција на НАТО против Србија.
Алијансата, пишува АП, ја бомбардираше Србија 78 дена во 1999 година за да ги прекине борбите против косовските сепаратисти. Косово прогласи независност во 2008 година, што Србија не ја признава.
Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, објави дека ќе побара итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации по одлуката на Косово за формирање на војска, објави АП.