Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ изјави дека Приштина кога со неа би се разговарало без ментори, би го прифатила предлогот за поделба на Косово.
Тој наведе дека и големите сили кога ќе се спомне разграничување и поделба сметаат дека ќе дојде до масовни преселби на населението, бидејќи како што наведе, не се зема предвид дека ерничката состојба на теренот веќе е во согласност со самиот предлог на поделбата.
Дачиќ кажа дека големите сили предлогот за поделба на Косово не сакаат да го разгледуваат бидејќи сметаат дека прашањето на Косово го затвориле во 2008 година со тоа што ја признале независноста.