Шефот на српската дипломатија изјави дека „целото раководство на Приштина е на потерници на Интерпол“, откако беше објавено дека уште една држава го повлекла признавањето на Косово.
Говорејќи за можноста Косово да стане член на таа меѓународна организација, Ивица Дачиќ рече дека не сака да биде оптимист во врска со тоа.
-Ако сакате да бидам циничен, речиси цело раководство на Косово е веќе на Интерпол- на потерници, рече Дачиќ.
Тој повтори дека Приштина не сака во таа меѓународна организација со цел да се бори против криминалот, туку да покаже дека Косово е независно. Тој додаде дека Западот можеби на Косово му ветил за Интерпол но дека треба да се почека гласањето.