Регион 27. септември 2018. / 12:27

Дачиќ: Брука – косовските претставници седат по ходници и ќошиња во ОН

Дачиќ: Брука – косовските претставници седат по ходници и ќошиња во ОН

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ истакна дека тоа што го прават косовските претставници во Њујорк е брука. Рече дека тие седат по ходниците и ќошињата, бидејќи тие не се членки на ОН и немаат исти пропусници како и членките на ОН.

Дачиќ изјави во Њујорк дека во иднина може да се очекува уште повеќе земји да го повлечат признавањето на Косово.

Дачиќ од Њујорк за Радио-телевизија Србија порача дека ќе оствари низа билатерални состаноци со претставници и земји кои го признале Косово, но и со оние кои не го направиле тоа.

Како што објасни Дачиќ, косовската делегација аплицирала преку Одделот на ОН за мировни операции и на тој начин добила пропусници, со кои, сепак, нејзините членови не можат да влезат во салата за состаноци.