Регион 14. јули 2020. / 10:53

Д-р Кон предупредува: Маската штити додека не се навлажни, а тоа е обично два часа

Д-р Кон предупредува: Маската штити додека не се навлажни, а тоа е обично два часа

Српскиот епидемиолог Предраг Кон вели дека маските би требало да се носат и на отворен простор, но дека ниту тие не нудат постојана заштита.

Можат да се носат и платнени маски кои се перат. Колку долго маската ќе ве заштити зависи од брзината на влажнење, а тоа е обично два часа. Ако ја вадите и ја ставате таа ќе ве штити два часа ефективно. Треба често да се менува но тоа важи за оние кои се во постојано користење – објаснува д-р Кон