Регион 09. јануари 2021. / 19:45

Д-р Докиќ: Ивермектин помага кај заболени од Ковид-19, но мора да се издава со рецепт

Д-р Докиќ: Ивермектин помага кај заболени од Ковид-19, но мора да се издава со рецепт

Според д-р Дејан Докиќ, научниците во Австралија капнале течен ивермектин (познат лек кој се користи кај паразитирани заболувања), на заразено ткиво со САРС-Ков2 и тој успеал да го забави размножувањето на вирусот за 5.000 пати, во 48 часа.

Тој вели дека потоа 11 студии го потврдиле дејството на лекот, а во моментот се чекаат резултати од уште 62 испитувања.

– Тој се зема во три случаи… Превентивно, за здравствени работници, војска или други, кои имаат контакт со заболени секојдневно и тоа 0,2 мг на килограм телесна тежина неделно. По контакт со заболен од Ковид-19, и тогаш треба да се земе иста доза истиот ден кога сте дознале за контактот, а 72 часа подоцна земате уште еднаш. Ако сте заболен од Ковд-19 тој лек се зема два дена по ред, во иста доза, рече д-р Докиќ во гостувањето во ТВ Дневникот на Сител.

Тој смета дека тоа е лек и треба да има контрола, односно треба да се издава на рецепт.

– Матичните се први кои доаѓаат во контакт со заболените, и може да им го препишат на своите пациенти. Не смее пациентите сами да можат да го земаат лекот, категоричен е Докиќ.

Лекот ивермектин некои наши граѓани го набавуваа од соседните земји, кога слушнаа дека помага кај заболени од коронавирус. Потоа, беше одобрен од надлежните, а се чека во текот на следната недела да стигне во аптеките.