Регион 05. февруари 2020. / 12:57

Црвен метеоаларм во Хрватска: Дува со брзина и до 270 км/ч

Црвен метеоаларм во Хрватска: Дува со брзина и до 270 км/ч

Во подрачјето на целиот Јадран е прогласен црвен метеоаларам поради силните удари на ветер што и денеска ја погодија Хрватска.

Поради орканскиот ветер е блокиран автопатот А1, во Сплит почна да врне и снег, додека на врвот Биоково во близина на Макарска ветрт достигнал брзина до 275 км/ч..

Поради бурата, забранет е сообраќај за двокатни автобуси, возила со камп приколки и за мотоцикли на делници од неколку државни патни правци. Со ограничување од брзната од 60 км/ч се вози по автопатот Ријека – Загреб, а во целосен прекин се и голем број бродски, траектните и катамерански линии од Сплит и Задар кон островите.