На хрватското крајбрежје се уште е во сила црвен метеоролошки аларм поради силниот ветар југо. Најмногу се погодени западниот брег на Истра, Кварнер и Кварнерниќ, како и северна, централна и јужна Далмација.
Загрепскиот и Карловачкиот регион исто така се под предупредување – жолто, поради поројните врнежи од дожд.
Фериботите и бродските линии што го поврзуваат Сплит со островите, се уште се во прекин и денеска не сообраќаат, јавија хрватски медиуми.
Во прекин се и некои линии што ги поврзуваат Ријека, Задар и Дубровник со островите.