Регион 15. август 2020. / 23:30

Црногорското приморје никогаш поевтино, цените се преполовени за спас на сезоната

Црногорското приморје никогаш поевтино, цените се преполовени за спас на сезоната

Црна Гора ќе го спасува туризмот, откако германските и чешките туристи не се појавија во оваа земја. Црногорците  ја крена рампата за своите соседи, а информациите се дека тоа било  по барања на хотелиерите кои сакаат да спасат нешто од својот бизнис.

Цените никогаш не биле пониски од земјотресот во 1979 година, а јас сум со туризам со децении и многу добро знам за што зборувам – вели Бранка Караџиќ, сопственик на агенција која продава хотели во Црна Гора.

Српските медиуми пишуваат дека,  туристички агенции се бомбардирани со супер понуди, попусти, цени од последен момент, врвни понуди и слични поволни аранжмани.

Има понуди,  бесплатно за две деца, што апсолутно никогаш не се случи во сезоната на пик, и второ, сите цени беа преполовени, така што она што чини 52 сега чини 25 евра – истакнува Караџиќ.

Најголеми попусти има на ривиерата Будва и во Бежичи.  Најприфатливи се, традиционално, хотелите во Херцег Нови, кои вчера на српските  агенции им испратиле  понуда за ноќевање со појадок за 19 евра!

Инаку од денеска Црна Гора ги отвори границите за жиелите на Западен Балкан, кој треба да поседуваат негативен ПСР тест.