Регион 01. јули 2020. / 21:42

Црногорските пратеници денеска го изгласаа Законот за истополови бракови

Црногорските пратеници денеска го изгласаа Законот за истополови бракови

Црногорските пратеници денеска го изгласаа Законот за животно партнерство на лица од ист пол.

За усвојување на Предлог-законот за истополово партнерство беа потребни 41 гласови „за“, а тој беше изгласан од 42 пратеници.

Организацијата ЛГБТИ Форум усвојувањето на законот го оцени како историски чекор во борбата за човековите права на ЛГБТИ лицата во Црна Гора.