Регион 10. октомври 2019. / 13:29

Црногорската железница пред стечај, за долг од 5 милиони евра

Црногорската железница пред стечај, за долг од 5 милиони евра

Претставниците на црногорската железничка компанија утре ќе одржат состанок со претставници на Даночната управа, која пред неколку дена достави предупредување до претпријатието ЖПЦГ дека должи пет милиони евра за данок и давачки и дека доколку долгот не се подмири ќе мора да им ги блокира сметките во обид за присилна наплата.

– Не знам дали даночната управа ќе побара воведување стечај за ЖПЦГ. Ние утре ќе одржиме состанок со претставниците, но врз основ на досегашните информации, не сум сигурен дека ЖПЦГ нема да оди во стечај, вели директорот на претпријатието Бабиќ Побједи.

Црногорските железници во првите шест месеци од оваа година оствариле загуба во работењето од 754.065 евра, но е значително помал во периодот од лани кога изнесувал 1,37 милиони евра.