Бруто домашниот производ на Црна Гора во вториот квартл од годината забележа пад од 20,2 отсто, соопшти денеска црногорската Управа за статистика Монстат.
Вредноста на реализираниот БДП во вториот квартл изнесува 900,5 милиони евра, додека во истиот период минатата година изнесувал 1,15 милијарди евра.
Предвидувањата на црногорската Влада беа дека БДП годинава ќе се намали за 6,8 проценти, но се позивесно е дека падот ќе биде многу поголем.
Просечниот пад на економијата во земјите-членки на Европска Унија изнесува 14 отсто. Поголем пад на БДП од Црна Гора во периодот април – јуни забележан е во Велика Британија (22,8) и во Шпанија (22,1).