Регион 03. јануари 2021. / 11:48

Црногорците потрошиле 400 милиони евра повеќе отколку што заработиле

Црногорците потрошиле 400 милиони евра повеќе отколку што заработиле

Црна Гора доживува големи финансиски проблеми.

Министерството за финансии на Црна Гора објави дека од јануари до ноември минатата година, динамиката на приходите и расходите на буџетот влијаела на буџетскиот дефицит во износ од 397,3 милиони евра, или 8,6 проценти од БДП, што е 47 , 3 милиони или 13,5 проценти повисоки од планираните, пишува Дан.

-Движењето на буџетските приходи и расходи во периодот јануари – ноември е директно под влијание на неповолната епидемиолошка состојба во земјата, каде континуираниот пад на наплатата на буџетските приходи се должи на спроведувањето на мерките што ја ограничија економската активност, се со цел да се заштити јавното здравје, наведува Министерството за финансии и социјална заштита.

Падот на наплатата на приходите е пред се резултат на значителен пад на прометот во туризмот, така што во споредба со планот за ребаланс е забележано најголемо негативно отстапување во категории што зависат од прометот и данокот на додадена вредност во износ од 78,3 милиони евра или 14,0 проценти и акциза во износ од 17,8 милиони евра или 8,7 проценти.