Црна Гора има два пати повеќе мобилни телефони отколку жители. Бројот на корисници на мобилни телефони во Црна Гора на крајот на септември оваа година изнесува 1.294.942, што е два пати повеќе од бројот на жители и претставува рекорд во Европа.
Од вкупниот број корисници 53,6 отсто се припејд корисници, додека постпејд корисници се 46,4 отсто, се наведува во извештајот за развојот на пазарот на електронски комуникации.
– Во септември 2019 година, во однос на септември минатата година, регистриран е раст на бројот на корисници од 4,9 отсто, се истакнува во извештајот.
Кога се постпејд корисниците во прашање, цената на СМС порака кај сите црногорски оператори се на ниво од 0,03 евра и се значително поповолни од просечната цена во ЕУ (0,07 евра) и нешто поповолни од земјите од регионот (0,04 евра).
Инаку, најмногу регистрирани мобилни корисници имало во 2008 година кога се забележани 1,3 милиони.