Регион 30. декември 2019. / 00:04

Црна Гора: Судир со полицијата, повредени четворица полицајци

Црна Гора: Судир со полицијата, повредени четворица полицајци

Во неколку градови во Црна Гора, граѓаните ги блокираа патиштата, протестирајќи против усвојувањето на Законот за слобода на религија, а на некои места има судири со полицијата. Група граѓани вечерва блокираа обиколка во Зета во близина на аеродромот, а четворица полицајци се повредени при полициска интервенција.

 

Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an

 

Полиција у Зети губи битку.

Ein Beitrag geteilt von Чојство (@cojstvo_srb) am

Во изјавата се прецизира дека службеникот за безбедност во Подгорица, Далибор Ивковиќ се здобил со повреда на главата и бил пренесен во Ургентниот центар. Поради блокада на патот, брзата помош не можела да стигне доповредениот полицаец и од еден граѓанин завршил во болница.

Поранешниот претседател на Општината Даниловград во Црна Гора, Милодраг Кадиќ е приведен за време на граѓанските протести и блокади кои се случуваат низ целата држава откако беше усвоен Законот за слободна вероисповест.

Фото: Твитер

Како што пренесува црногорскиот портал „Актуелно“, Кадиќ е идентификуван како организатор на јавниот собир каде што тој протестирал.

По кратка блокада на кружен тек во Спуж, каде и бил приведен екс претсдателот на Општина Даниловград во моментов сообраќајот се одвива нормално.

Кадиќ бил претседател на Општината од 1993 до 2002 година.