Регион 12. август 2018. / 13:50

Црна Гора: Страшно невреме, спасувачите од море извлекле 13 луѓе (ВИДЕО)

Црна Гора: Страшно невреме, спасувачите од море извлекле 13 луѓе (ВИДЕО)

Дваесетминутно невреме кое вчера удри по крајбрежјето на Бар, направи вистински неред на плажите.

Управата на поморската безбедност за неполн час од морето спаси 13 луѓе.

Невремето предизвика и колап по патиштата по кои можеа да се забележат паднати дрва откорнати од силниот ветер.

Спасувачките екипи на време сфатиле како ќе се одвива ситуацијата, па подготвиле спасувачки тимови за брза акција.