Регион 08. февруари 2019. / 11:04

Црна Гора си ја штити младината – еве што направи со српските риалити шоуа

Црна Гора си ја штити младината – еве што направи со српските риалити шоуа

Црна Гора ќе го ограничи емитувањето на риалити програмите од Србија, бидејќи биле штетни за малолетниците.

Агенцијата за електронски медиуми на Црна Гора, по иницијатива на „Медиа центар“, денеска реши да го ограничи емитувањето на риалити програмите, од српските канали Пинк и Хепи.

– Со години телевизиите од Република Србија, преку кабелските оператори емитуваат риалити програма во текот на целиот ден во која често се промовира насилство и говор на омраза. – кажа директорот на „Медиа центар“ Горан Ѓуровиќ, кој ја поздравил одлуката, пренесува Вијести.

Во одлуката на Агенцијата се наведува дека програмите кои можат да штетат на физичкиот, менталниот или моралниот развој на малолетната публика, во периодот меѓу 6 и 23 часот операторите ќе мора да ги пренесуваат „пинувани“, односно корисниците ќе можат да пристапат до нив само со користење на ПИН код.

„Медиа центар“ на 24 јануари ја повика АЕМ на Црна Гора за ги „запре заглупувувањето на јавноста, говорот на омраза и насилството преку риалити програмите“. Оваа организација исто така порачаа дека оваа нивна иницијатива не би била прифатена од АЕМ ако агенцијата не добиеше јасна политичка наредба од власта да се оневозможи емитувањето на Хепи ТВ и Пинк ТВ кои, според „Медиа центар“ станаа неподобрни медиуми во Црна Гора затоа што почнале да ги критикуваат јавните функционери.

– Без разлика на мотивите на АЕМ, сметаме дека донесувањето и примената на правилата за заштита на малолетниците од содржините што се емитуваат преку кабловските оператори чекор напред кон воведувањето на ред во работата на електорнските медиуми. – соопшти „Медиа центар“.