Регион 29. јуни 2020. / 10:39

Црна Гора повторно брои жртви од вирусот: Двајца починати во последните 24 часа

Црна Гора повторно брои жртви од вирусот: Двајца починати во последните 24 часа

Двајца заболени од Ковид-19 починале во Црна Гора и тоа се првите жртви на вториот бран од епидемијата на корона вирусот во земјата.

Националното координативно тело за заразни болести соопшти дека во моментов, вирусот е потврден кај 157 лица во Црна Гора.

Корона вирусот повторно се појави во Црна Гора кон средината на јуни, откако скоро месец и половина немаше пријавени случаи. Како што тврдат здравствените власти, вирусот повторно го донеле црногорски граѓани кои биле на фудбалскиот натпревар помеѓу Партизан и Црвена ѕвезда во Белград една недела порано, а на кој присуствуваа околу 25.000 навивачи.

На 1 јуни Црна Гора одлучи да ги отвори своите граници за сите земји во кои има по 25 активни случаи на 100.000 жители, меѓутоа, како што беше соопштено од црногорската влада во неделата, во иднина по однос на ова прашање земјата ќе ја следи политиката на ЕУ, која за почетокот на јули најави поголемо отворање на границите.

Поради ширењето на корона вирусот, црногорските власти забранија верски и политички собири и на отворено, додека во Рожаје, град во северна Црна Гора, на сила се поостри мерки, слични на оние од врвот на првиот бран на епидемијата, кога во Црна Гора беа заразени 324, а починаа осум луѓе..