Регион 20. април 2019. / 11:08

Црна Гора: Подофицер шверцувал 50 килограми кокаин на брод за обука

Црна Гора: Подофицер шверцувал 50 килограми кокаин на брод за обука

Воената полиција на Црна Гора го уапси подофицерот Душко Раденовиќ поради сомнение дека бил вмешан во трговијата на 50 килограми кокаин, заплленети на бродот за обука Јадран.

Дрогата била откриена врз основа на оперативни сознанија на Министерството за одбрана. Во вчерашната акција е приведен Раденовиќ поради сомнение дека знаел за намерата на, засега неидентификувано лице, да криумчари кокаин.

Покрај дрогата, пронајдени се и повеќе парчиња нелегално оружје, јави Радио-телевизија Црна Гора.

Истрагата треба да утврди кој бил логистика, дали уште некој од членовите на морнарицата знаел за шверцот, а и за тоа каде била товарена дрогата и кому требала да биде испорачана.