Владата на Црна Гора планира да вложи околу 100 милиони евра за изградба на нови ски-центри до 2022 година, вклучувајќи и комплетна патна, електро и комунална инфраструктура, изјави директорот на Управата за јавни работи, Решад Нухоџиќ.
–Таквиот однос претставува директна поврзаност со стратешката определба на црногорската Влада дека со вложување во инфраструктурниот развој на северниот регион се влијае на рамномерент развој на државата, а на граѓаните во северниот дел да им се овозможи повисок животен стандард – нагласи Нухоџиќ.
Тој истакна дека Управата за јавни работи моментно има повеќе од 100 проекти што се во различна фаза на реализација, а повеќето се наоѓаат во северниот дел на Црна Гора.