Министерката за економија Драгица Секулиќ изјави дека во рамки на меѓународните организации и иницијативи Црна Гора веќе исполнила дел од тоа што го содржи најновата иницијатива на лидерите на Македонија, Албанија и Србија (мал Шенген) и дека нема никакви трговски и други бариери кон останатите држави.
Министерката рече дека ја разбира потребата на оние земји кои едни на други си поставуваат бариери да ислезат со новата иницијатива.
– Фактот е дека ние за прв пат со текстот, како што го нарекоа „акционен план за забрзување на слободниот проток на стоки, луѓе, услуги и капитал“ се запознавме на самиот состанок. Во тој документ нема ништо ново што веќе не сме имале во различни декларации и договори. Црна Гора како членка на ЦЕФТА нема отворени прашања ни со една земја од регионот, посебно не со земјите кои се иницијатори на оваа иницијатива што не е случај со нив меѓусебно. Така што потполно е јасно дека Црна Гора веќе ги има отворено границите, изјави Секулиќ.
Таа додека дека Црна Гора ги исполнила сите препораки од Берлинската иницијатива, дека граѓаните веќе патуваат користејќи како документ лична карта во сите држави од регионот освен во Хрватска.
– Евентуалното приклучување кон оваа иницијатива претставува само трошење енергија на нешто што Црна Гора веќе го има направено, додава Секулиќ.