Црногорското Министерство за одбрана ја примило официјалната понуда од американската Влада за набавка на 67 оклопни возила, вредни 36 милиони долари.
Потврдата од црногорското министерство доаѓа откако американскиот државен секретар Мајкл Помпео, при посетата на Подгорица изјави дека оваа недела САД и понудиле на Црна Гора договор за најголемата продажба на воена опрема во историјата на двете земји, што вклучува испорака на лесни тактички возила.
– Во наредните дваесет дена, очекуваме нашата Влада да прифати ваков вид деловен аранжман со Владата на САД и врз основа на тоа можеме да очекуваме да го имаме првиот контингент на возила во 2020 година, или дваесет возила до декември 2020 година – соопшти Алма Љуљановиќ од Министерството за одбрана.
Според најавата, набавката на воена опрема ќе се финансира со кредит, но не се објавени дополнителни детали.