Во Црна Гора кон крајот на месецов ќе пристигне кинеската вакцина против коронавирусот – договорено е на денешниот состанок на црногорската министерка за здравство, Јелена Боровиниќ Бојовиќ и високи претставници на компанијата Синофарм.
–Министерката во текот на онлајн состанокот им се заблагодари на кинеските партнери за брзината што ја покажаа во текот на интензивните преговори во претходниот период, а кои резултираа со конечен договор со кој во Црна Гора во најбрз можен рок ќе се испорачаат количини од вакцината што ќе им бидат достапни на црногорските граѓани, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.
Министерството додава дека во завршна фаза се и билатералните преговори во останатите производители на вакцина против коронаворисот. Првата вакција со која ќе почне имунизацијата во Црна Гора, а која ќе биде со европски сертификат, е вакцината на Фајзер.
Црна Гора го продолжува и дијалогот во рамките на ковакс механизмот, така што граѓаните ќе имаат на располагање доволно количини за да може имунизацијата против ковид-19 да биде на високо ниво – наведуваат тамошните здравствени власти.