Регион 16. март 2020. / 16:56

Црна Гора го запира авио, железничкиот и автобускиот сообраќај кон странство

Црна Гора го запира авио, железничкиот и автобускиот сообраќај кон странство

Авиокомпанијата Монтенегро ерлајнс привремено ги прекинува летовите, иако нема официјално потврден случај на заразени со новиот  коронавирус во Црна Гора.

Најавено е и привремено прекинување на меѓународниот автобуски и железнички сообраќај.

Тоа се нови привремени мерки на Националното координативно тело за заразни болести, чиј состанок е во тек, соопшти црногорската влада.

Тоа се дополнителни мерки, покрај оние кои претходно ги усвои Црна Гора. Со досегашните мерки се предвидува дека во деловен објект, без оглед на неговата површина, не може да има повеќе од 50 корисници истовремено. Граничните премини во Црна Гора се затворени за сите странци, освен оние со постојан или привремен престој. Во маркетите и на пазарите, бројот на купувачи кои можат истовремено да бидат во објектот се ограничува до 100.

Сите образовни институции во Црна Гора ќе бидат затворени денеска, најмалку 15 дена, со цел да се спречи и навремено да се заштити здравјето на децата, наставниот и не-наставниот кадар од новиот коронавирус. Затворени се и сите угостителските објекти, трговските центри, детските игралишта и обложувалниците.