Регион 11. мај 2020. / 15:20

Црна Гора ги отвори црквите, присуство на верските обреди под строги правила

Црна Гора ги отвори црквите, присуство на верските обреди под строги правила

Верниците во Црна Гора од денеска можат да присуствуваат на верските обреди, но со задолжително почитување на пропишаните мерки за заштита од корона вирусот, соопшти Националното коринативно тело за заразни болести.

Според пропишаните правила, во верските објекти може да биде само едно лице на 10 метри квадратни, пред објектот максимум 20 лица, со почитување на минималното растојание од два метри,

На влезовите мора да биде истакната информација за максималниот број на луѓе внатре во објектите, сите освен свештениците мора да носат маски, а обврзувачка е дезинфекцијата на рацете при влез и излез.

Забраната за групирање, како што наведуваат од Националното координативно тело, останува на сила.

Од денеска е нормализирана и работата на здравствените установи во земјата како и сообраќајот во личниот и јавен превоз на патниците внатре во регионот на Црна Гора.