Регион 02. јуни 2020. / 12:17

Црна Гора ги исполни условите за прогласување крај на епидемијата со Ковид-19

Црна Гора ги исполни условите за прогласување крај на епидемијата со Ковид-19

Во Црна Гора исполнети се условите за одјавување на епидемијата од корона вирус, соопшти помошникот на директорот на Институтот за јавно здравје на оваа земја.

Црна Гора помина два периоди на инкубација во период од 28 денови без нови случаи на Ковид-19.

– Исполнети се епидемиолошките услови за ИЈЗ да размислува на одјавување на епидемијата. Таа е законски дефинирана процедура која вели дека епидемијата може да заврши во случај кога ќе помине двојниот период на инкубација. Периодот не е дефиниран со закон, тој повеќе е дефиниран со некои епидемиолошки правила. Две инкубации без нови случаи, навистина исполнети се услови за одјава на епидемијата, изјави помошникот Сенад Бегиќ.

Правно и формално, како што објасни, ова на терен не менува многу, бидејќи ризикот од заболувањето и понатаму е присутен.

– Одјавата на епидемијата речиси не значи ништо. Првиот бран формално е завршен, но мерките и уредбите на Министерствата и препораките на ИЈЗ и панатаму остануваат на сила, рече Бегиќ