Во Црна Гора и понатаму нема потврдени случаи на зараза со корона вирус, но и покрај тоа преземени се превентивни мерки. Училиштата денеска не работат, забранети се сите јавни собири, а затворени се и граничните премини кон сите држави во опкруѓувањето.
Од институтот за јавно здравје е соопштено дека до сега на корона вирус се тестирани 88 лица и сите резултати биле негативни.
– Под здравствено-санитарен надзор се 783 лица, од кои под надзор во Институтот за јавно здравје се 392 лица, а преостанатите се под надзор во останатите општини, наведе за ТвЦГ доктор Каролина Хајдуковиќ.
Во рамки на преземените мерки за спречување на појава на евентуално ширење на корона вирусот, од денеска во Црна Гора затворени се сите гранични премини за сите странци, освен за оние со постојан или привремен престој во Црна Гора. Не работат ни угостителските објекти, трговските центри, игротеките и обложувалниците.