Епидемиолошката крива во Црна Гора сега е на својот врв, а потребно е време за да почне да oпаѓа.
Во утринската програма ТВЦГ, д-р Марија Божовиќ од црногорскиот Институт за јавно здравје (ИЈЗ) изјави дека дека сите мора да бидат свесни за сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа земјата и да сторат сè за да се смени ситуацијата.
-Епидемиолошката крива сега е на својот врв, дали ќе падне…а и падот не може да се случи во рок од два до три дена, потребно е време. Ако не се применат мерките, не може да дојде до опаѓање, туку може всушност да има раст – истакна Божовиќ.
На прашањето дали имало случаи на повторна инфекција на пациенти кои претходно биле позитивни на корона вирус, Божовиќ одговори дека немаат податоци за такво нешто.
-Со оглед на тоа што заштитниот имунитет сè уште не е доволно испитан и е непознат кај лицата заразени со вирусот, се уште не е доволно разјаснета можноста за повторна инфекција, па затоа не би излегувала со официјални бројки – истакна Божовиќ.