Регион 07. март 2021. / 17:57

Црна Гора е на раб на целосно затворање – зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Црна Гора е на раб на целосно затворање – зголемен бројот на заразени со Ковид-19

Црна Гора е близу до целосно затворање, предупреди министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ.

Таа посочи дека во последните неколку дена има голем проблем со почитувањето на мерките против ковид 19 во Црна Гора.

-За да дадат резултати некои мерки, не можеме да ги очекуваме за еден или два дена, мора да поминат најмалку 10-15 дена, рече Бојовиќ.

Како причина за зголемената смртност, таа гледа нови патогени типови на коронавирус, односно соеви што се појавиле.

-Експертите од Институтот за јавно здравје утврдија дека британскиот вид на коронавирус најверојатно се појавил во Црна Гора во ноември, изјави министерката.