Лабораториите кои се занимаваат со дијагностицирање на нови случаи со коронавирус во Црна Гора ја завршија анализата на 789 примероци, меѓу кои се регистрирани 267 позитивни случаи на инфекција Ковид-19. После подолг период, не биле евидентирани смртни случаи.
Од вчерашниот пресек, нема пријавено смртни случаи поврзани со ковид-19 во Институтот за јавно здравје на Црна Гора, пишува Вијести.