Регион 23. мај 2020. / 22:00

Црна Гора денеска без новозаразени

Црна Гора денеска без новозаразени

Во Црна Гора денеска не се пријавени нови случаи на коронавирусот.

Од вчерашниот пресек на состојбата, анализирани се 47 примероци во лабораторијата на Институтот за јавно здравје, меѓу кои нема нови случаи на инфекција со коронавирус, пренесува Вијести.

Од почетокот на епидемијата во Црна Гора, вкупно 324 луѓе се разболеле, а 314 се оздравеле.