Во Црна Гора е исполнет најстрогиот критериум, кој вели дека „епидемија се одјавува кога нема нови случаи на инфекција во двојниот период на инкубација“.
Заклучно со денеска Црна Гора официјално 28 дена нема регистрирано нови случаи на Ковид-19, соопшти Институтот за јавно здравје.
Во земјата исто така нема активни случаи на заболени со коронавирусот.
Од почетокот на епидемијата, во Црна Гора официјално се регистрирани 324 случаи на инфекција со коронавирусот, закрепнале 315 луѓе, додека девет од нив починале.