На олтарот на жупаниската црква на Светиот Крст во Водици поставен е крст со крвави модели на фетус.
Во крстот се врежани пет дупки во форма на срце, а во секое срце се поставени крвави кукли кои претставуваат фетуси, пробиени со шајка, пренесува хрватскиот сајт 24Сата и додава дека покрај крстот е поставено и знамето на Хрватска.
Фотографијата многу брзо се рашири по социјалнтие мрежи и на неа се гледа дека на врвот на крстот стои реченицата од Книгата на постанокот „Крвта нивна од земјата кон мене вика“.
Новинарите од сајтот го побараа жупанот на цркваа Фрањо Гласновиќ и го замолија за коментар, меѓутоа тој рече дека е „време на пост и дека не би коментирал“.