Регион 09. октомври 2019. / 21:27

Ципрас на Туск му ја истакнал важноста за почнување пристапни преговори за Македонија и Албанија

Ципрас на Туск му ја истакнал важноста за почнување пристапни преговори за Македонија и Албанија

Лидерот на СИРИЗА и поранешен грчки премиер, Алексис Ципрас на својот фејсбук профил објави дека при средбата со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, ја истакнал важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство.

– Ручек со претседателот на Европскиот совет. Разговаравме за претстојниот европски совет, за Брегзит и за бегалската криза. Му ја истакнав важноста што ја има почетокот на пристапни преговори за Северна Македонија, но и за Албанија, доколку ги почитува обврските во врска со грчкото национално малцинство. Ја потенцирав потребата да се искористат санкциите, за кои одлучивме на минатиот совет против Турција за нелегалните активности во кипарската ексклузивна економска зона. На крај, му се заблагодарив за нашата конструктивна соработка во изминатите четири и пол години, напиша Ципрас на Фејсбук и објави фотографии од средбата со Туск.

Γεύμα με τον Πρόεδρο του Ευρωπαϊκού Συμβουλίου Donald Tusk. Κουβεντιάσαμε για το επικείμενο Ευρωπαϊκό Συμβούλιο, για το…

Posted by Alexis Tsipras on Среда, 09 октомври 2019

 

Претседателот на Европскиот совет се сретна и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а на средбата станало збор за темите што ќе се најдат на агендата на ЕУ Самитот, следната седмица, во Брисел.

Доналд Туск е во дводневна посета на Атина за конференцијата „Athens Democracy Forum“, а имаше обраќање за време на отворањето на конференцијата.