Поранешниот премиер на Грција и лидр на партијата СИРИЗА, Алексис Ципрас, коментирајќи ја позицијата на актуелната грчка влада во време кога европскиот совет го стопира евроинтегративниот процес за земјите од регионот, преку објава на својот фејсбук приофил ја искритикува владата дека е премногу пасивна и дека зела улога на статист во регионот.
– На состанокот на Европскиот совет, (грчкиот премиер) тивко ги следеше Данска и Холандија да преговараат за иднината на Балканот. И сега со непријатност ја следи Италија, која предлага одново да започне пристапниот дијалог во ноември. Сигурен сум, колку јавно и да го кажува крајно контрадикторното дека треба да го почитуваме штетниот договор, истовремено ќе моли во соседната земја да не победат повторно националистите и го оспорат, меѓу другото, „срамниот“ Договор од Преспа. Со овие работи, Грција за жал се враќа на улогата на статист во балканскиот регион. Малата Грција која ги следи иницијативите на трети, напиша Ципрас на Фејсбук.
Τη στιγμή που η ΕΕ βρίσκεται αντιμέτωπη με τις συνέπειες της τραγικής της απόφασης να μην δώσει πράσινο φως για την…
Posted by Alexis Tsipras on Недела, 20 октомври 2019
Поранешниот грчки премиер додава дека надворешна политика не се води под страв од внатрешно партиските корелации.