Грчкиот премиер Алексис Ципрас, во интервју за домашните медиуми изјави дека неуспехот на Преспанскиот договор и распаѓањето на Македонија е опасност за формирање на Голема Албанија, пренесува ТВ21.
На Грција не и е од интерес дестабилизација на нејзината северна граница. На Грција не и е од интерес распаѓање на Македонија и можноста за Голема Албанија со нашите граници, рече тој.
-Веднаш откако ќе биде изгласан во Собранието на РМ, Преспанскиот договор ќе го донесеме во нашиот парламент, секако, во јануари-вели Ципрас.
На прашањето за можно одбивање на Договорот , од “Независни Грци” на Панос Каменос, премиерот Ципрас рече дека во тој случај ќе побара поддршка од Парламентот, пренесува ТВ21.
Историскиот договор меѓу Атина и Скопје потпишан во Преспа во јуни, се очекува да биде ратификуван до 15 јануари во Собранието на Македонија.