Бизнис-секторот во Албанија е многу сиромашен поради тоа што над 4о насто од вработените во секторот на земјоделството живеат на граница на опстанокот, оцени Американската агенција – ЦИА околу економскиоот развој на Албанија за 2о17 година.
Албанските медиуми нагласуваат дека оценката на ЦИА се должи на корупцијата, проблемите со лиценците, слабото работење на судството, недоволното почитување на договорите, како и застарената инфраструктура.
Овие проблеми фактички влијаат и на слабиот интерес за инвестирање на странските компании во земјата. Во земјоделството нема модерна технологија, се наведува во оценката на ЦИА.
Весникот „Дита“, кој ја пренесува оценката на ЦИА, додава дека според истата проценка, во овој сектор, но и другите сектори во Албанија има пораст на јавниот долг, кој во 2о13 година изнесуваше 6о насто од ДБП, додека во 2о16 година тој изнесува дури 72 насто.