Регион 30. јануари 2021. / 20:12

Четирикратниот убиец од Шибеник пронајден мртов покрај авотомобилот со кој бегаше

Четирикратниот убиец од Шибеник пронајден мртов покрај авотомобилот со кој бегаше

Четирикратниот убиец од Шибеник е пронајден мртов покрај неговиот автомобил со кој бегаше, потврди хрватската полиција.

Хрватските медиуми кои веќе го објавија и идентитетот тврдат дека се самоубил. Полицијата и натаму не
го соопштвуа името, а не потврдува ниту дека се работи за самоубиство.

Телото е пронајдено нешто пред 19 часот. Бранко Клопер за кој медиумите велат дека бил сопственик на пропадната компанија беше посочен како убиец на четири лица денеска рано попладне во Шибеник и во
Водице.

Неофицијалните информации велат дека четири лица најверојатно биле убиени со истрели од автоматско оружје, калашников.

Меѓу убиените е стечајна управителка. Таа и уште две лица биле убиени од изесен Бранко Колопер, сопственик на фирма од Шибеник, кој имал синџир на пекари во градот. Откако ги застрелал во областа Шибеник, Колопер седнал во автомобилот и се упатил кон Водице, каде извршил уште едно злосторстви убивајќи го извршниот директор на трговскиот ланец продавници „Ѓело“.