Војската на Косово ќе има само дефанзивни задачи, тврди заменик министерот на безбедносните сили на Косово, Агим Чеку.
Тој денеска во изјава за медиумите кажа дека транзицијата на БСК во војска, ќе трае 10 години и ќе биде под строг надзор на НАТО.
Тој додаде дека уште сега косовските безбедносни сили ги имаат најсовремените пушки што можат да се најдат во западните војски, а дека ќе имаат и вооружување за поддршка, малку артилерија и противвоздушна одбрана, како и средства за борба против оклопни единици и за атомско-биолошка-хемиска одбрана.
– Ќе го имаме она што го има секоја војска. Нема да имаме офанзивни капацитетите ниту офанзивно вооружување, тактика или доктрина. Ова се чисто одбранбени сили насочени кон одбрана на луѓето на Косово – кажа Чеку.