Регион 04. септември 2018. / 21:49

Церар: Нема да отстапиме од арбитражната одлука во спорот со Хрватска

Церар: Нема да отстапиме од арбитражната одлука во спорот со Хрватска

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека и како министер ќе се залага за континуитет на надворешната политика и кога се работи за граничниот спор со Хрватска. Идниот министер за надворешни работи во новата коалициска влада на Марјан Шарц, смета дека граничниот спор со Хрватска е решен со арбитражна одлука.

Како што изјавил, новата словенечка влада нема да отстапи од ставот дека Хрватска мора да ја примени арбитражната одлука, пренесе Хина.„Нема да отстапиме од нашите ставови“ рекол Церар на сослушувањето пред парламентарниот одбор за надворешна политика, каде одржал излагање како кандидат за нов шеф на дипломатијата и одговарал на пратенички прашања.

Сепак, како што додал Церар, ќе се залага за добрососедски односи со сите соседи, и со Хрватска.