Словенечкиот премиер во заминување, Миро Церар денеска изјави дека големата воена вежба на австриската полиција и војска долж словенечката граница е „донекаде провокативна”.
И покрај противењето на Словенија, австриските безбедносни сили на граничниот премин со Словенија Шплифелд денеска одржаа вежба, прикажувајќи итни мерки за спречување на илегалната миграција.
Во вежбата учествуваа околу 500 полицајци и 220 војници, како и воена опрема, вклучувајќи оклопни возила, како и хеликоптери на војската и полицијата на Австрија.
Церар изјави дека Словенија соодветно ги штити надворешните граници на Шенген зоната и дека поради тоа, воената вежба била непотребна.