Црна Гора, која долго одолеваше пред налетот на коронавирусот во Европа, денеска ги регистрира првите два случаја.
Станува збор за две жени, едната родена во 1948 година, а другата во 1973 година. Едната пациентка е од Улцињ, а другата од Подгорица и двете се во стабилна состојба.
Едната госпоѓа дошла од САД пред 12 дена, а другата од Шпанија и беше под надзор, изјави Бобан Мугоша, директор на црногорскиот Институт за јавно здравје, додавајќи дека Црна Гора, покрај Хрватска, има најмногу тестирања во регионот. Црна Гора успешно одолеваше речиси три месеца од првиот забележан случај во Европа. Како што гледаме, за жал, од овој момент почнува нова фаза во соочувањето со овој здравствен и општествен предизвик. Меѓутоа, нема место за паника, ниту за неразумна и неконтролирана загриженост, изјави премиерот Душко Марковиќ.