Регион 07. август 2020. / 14:37

Бугарската министерка ја напушта позицијата-Екатерина Захариева генерален секретар на Европската служба за надворешни работи?!

Бугарската министерка ја напушта позицијата-Екатерина Захариева генерален секретар на Европската служба за надворешни работи?!

Вицепремиеркаста и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева размислува за повлекување од бугарската политика, дознава порталот Факти.бг од добро информирани извори во Европскиот парламент.

Според нив, Захариева цели на висока позиција во Европската служба за надворешни работи. Станува збор за функцијата генерален секретар на организацијата, што моментно ја извршува Хелга Шмид.

Според неофицијални информации, Шмид има намера да се повлече од функцијата во наредните месеци. А, Захариева засилено лобирала за позицијата генерален секретар. Како позитивен елемент се смета дека со нејзиното назначување нема да се нарши поделбата на квотата за мажи и жени.