Регион 19. април 2018. / 11:28

Бугарија: Навивачи на Левски фрлија бомба врз полицијата!

Бугарија: Навивачи на Левски фрлија бомба врз полицијата!

Десетина навивачи на Левски од Софија се задржани во притвор поради сомнеж дека фрлиле бомба на синоќешното градско дерби.

Бомбата падна во близина полицајката која во овој инцидент заработи тешки повреди. Жртвата е пренесена во клинички центар и лекарите се борат да ѝ го спасат окото кој е најсериозно повредено.

Инцидентот се случил на стадионот „Васил Левски“, каде се играше големото бугарски дерби помеѓу Левски и градскиот ривал ЦСКА. Освен полицајката, повредени се и уште неколку лица, но тие повреди не се толку сериозни.