Од јануари до почетокот на јуливо Бугарија се издадени 6 700 работни дозволи на странци кои не се од земјите членки на ЕУ, а околу 3 000 работници од трети земји беа ангажирани во истиот период минатата година, според бугарската Агенција за вработување.
Повеќето од работниците се ангажирани од Украина, Молдавија и Киргистан, но исто така и од Србија.
Странците од трети земји се главно вработени во бугарските хотели и угостителски објекти.
На граѓаните на ЕУ не им е неопходна дозвола за работа во Бугарија, бидејќи тие ги имаат истите права како и домашното население.
Во Бугарија, просечната месечна нето-плата е 533 евра.