Регион 03. август 2019. / 12:57

Брутално убиство во БиХ: Мигранти избоделе човек во грбот, срцето и вратот

Брутално убиство во БиХ: Мигранти избоделе човек во грбот, срцето и вратот

Двајца мигранти од Алжир од вчера се во притвор поради сомнеж дека убиле 32-годишен мигрант во Тузла, БиХ, пренесуваат босанските медиуми.

Во Обвинителството истакнале дека најголем проблем во овој предмет претставува утврдувањето на идентитетот на мигрантите, како и непознавање на јазикот.

– Мигрантите немаат никаков документ и тоа намерно го прават за да не може да се изврши депортација. – пренесуваат медиумите.

Убиството се случило ноќта помеѓу 29 и 30 јули.

Полицијата го пронашла ножот со кој е извршено убиството. Мигрантот бил брутално убиен, со десет тешки убодни рани во грбот, градниот кош, срцето и вратот.