Хрватските здравствени власти соопштија дека е потврден уште еден, девети, случај на лице заразено од корона вирус. Заразениот човек е од Вараждин, а се работи за возач кој патувал во северниот дел на Италија, пренесува „Индекс“.
Досега во Загреб се регистрирани три случаи на корона вирус, а најмногу се од Риека, пет.
И покрај растот на бројот на лица заразени со вирусот „Ковид-19“, властите се уште немаат издадено забрана за јавни собири, но има препорака до сите оние кои биле во земји каде што има заразени луѓе да не доаѓаат на јавни собири.
Овие апели се однесуваат на оние кои престојувале во Кина, Јапонија, Сингапур, Јужна Кореа, Иран, како и италијанските региони Ломбардија, Венето и Пиемонт.